Без шеќер и јајца: Сладолед од „карамела”

Без грижа на совест и полн со Б-витамини, овој сладолед ќе ве освежи и ќе ве наполни со енергија.

Состојки:

  • 4 замрзнати банани (излупете ги и исецкајте ги на парчиња, замрзнете преку ноќ)
  • 2 суви урми
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1 лажичка путер од бадем
  • 60 мл бадемово млеко
  • 2 лажици какао
  • 2 лажици јаворов сируп

Подготовка:

Направете сос од какао – добро измешајте какао во прав и јаворов сируп и тргнете ги на страна. Измешајте ги сите други состојки во блендер (околу 20 секунди). Потоа запрете го блендерот и соберете ги состојките по работ и повторно вклучете го.

Повторете го процесот додека не добиете мазна и кремаста смеса. Доколку сакате, добиената мешавина кратко ставете ја во замрзнувачот за да ја направите малку поцврста.

Откако ќе заврши, истурете ја смесата за сладолед преку сос од какао и додадете малку путер од бадем за гарнир. По желба, украсете со кокосови снегулки, бобинки или други намирници.

Предлог за главно јадење: Мусака без месо: Летно јадење, лесно и вкусно!

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.