Џенифер Гарнер и Бредли Купер „уловени“ заедно на плажа (ФОТО)

Се шушка...

Џенифер Гарнер и Бредли Купер се снимени на плажа во Малибу. Оваа вест немаше да привлече големо внимание доколку не постоеја написите дека актерката е таа на која заводникот ѝ го подарил своето срце и поради која ја раскинал врската со супермоделот Ирина Шајк, а не Леди Гага.

Сепак, двајцата тогаш коментираа дека тие биле само пријатели, така што целата приказна бргу беше заборавена, но сега страстите повторно се разбудија.

Потсетуваме, Купер и Гарнер глумеа вљубена двојка во серијата „Алијас“, а фотографиите од нивната најнова средба на плажа, каде што дури беа придружени и од ќерката на Купер, Леа, веднаш го обиколија светот.

Џенифер грижливо си играше со Леа, додека Бредли се сончал.

 

Инаку, кога Џенифер Гарнер се разведе од Бен Афлек, по некое време започна врска со бизнисменот Џон Милер, која неодамна ја раскина, а која траеше речиси две години.

Фото: Инстаграм

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време