Здрави а превкусни: Мафините со јагоди се најубавиот десерт за целото семејство!

Пробајте!

Совршен пролетен мафин со јагоди кој ќе ве подготви за топлите денови што ни претстојат

Секогаш кога времето е топло, размислуваме за долги прошетки и излети. Самата помисла на излет нѐ асоцира на јагоди во кошнички и на вкусни грицки во кои уживаме додека ги впиваме сончевите зраци.

Доколку обожавате здрави десерти, не смеете да ги пропуштите мафините од овесни снегулки и јагоди. Сочни, здрави, посипани со крцкав шеќер и богати со протеини – доволно причини за да го испробате овој рецепт уште денес!

Состојки:
  • 1/2 шолја млеко по избор
  • 1/2 шолја овесни снегулки
  • 1 шолја јагоди, грубо исечкани или исечкани на резанки
  • 1/4 шолја путер на собна температура
  • 10 лажици шеќер + уште 2 лажици
  • 1 големо јајце
  • 1/2 лажиче екстракт од ванила
  • 3/4 шолји брашно
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • 1/4 лажиче сол
  • калапи за мафини
Приготвување:

Загрејте ја рерната на 300 степени. Прелејте ги овесните снегулки со млеко и оставете ги да се натопат. Во сечканите јагоди додајте едно лажиче шеќер и тргнете ги на страна.

Изматете ги путерот и шеќерот заедно, а потоа додајте јајце, ванила и мешавината од овесни снегулки и млеко. Во кремастата смеса додајте брашно, прашок за печиво и сол и мешајте додека се соединат сите состојки.

Префрлете ја смесата во калап за мафини и печете ги во загреаната рерна. Добар апетит!

Засладете се со мафини од јаболка и круша: Подготовката трае само десет минути!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.