Најомразениот модел на обувки повторно е светски хит: Дали би ги носеле?

Чизми или патики?

Речиси и да не постои бренд што не направи своја верзија на патиките со вградена потпетица

Кога Бијонсе се појави во спотот за песната Love on Top во патики со вградена потпетица со потпис на француската дизајнерка Изабел Маран, мислевме дека станува збор за уште едно парче што ќе го гледаме само на пистите и во спотовите. Кога ги обуја Ријана и Жизел, помисливме дека тоа е еден од оние ексцентрични трендови што ќе кружи меѓу познатите и ќе ги заобиколи „обичните“ девојки.

Сепак, тоа не беше така – необичниот модел по име Bekket кој има и платформа и подигната пета, и лепенка… Речиси сѐ што може да ви падне на памет!

Тие ги поделија мислењата, па дел од девојките беа воодушевени од несекојдневните решенија, додека некои едвај чекаа овие патики да излезат од мода. Очигледно, првите доминираа – само Маран продаде дури 200.000 пара патики Bekket, а речиси и да не постоеше бренд што не направи своја верзија на патиките со вградени потпетици.

Креаторката, која едноставно е вљубена во овој свој дизајн и нагласува дека никогаш не посакала да се поздрави со нив, ги враќа во мода овие необични патики, но под ново име – Balskee.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Covet Magazine (@covetmagazines)


Новата верзија на сега веќе познатиот модел има платформа со висина од 5 см, се продава во црна, зелена, бела, жолта и црвена боја, а нивната цена изнесува дури 770 долари.

Нема сомнеж дека брендовите за висока улична мода ќе побрзаат да ни понудат слични патики, како ни дека тие повторно ќе предизвикаат различни реакции. Дали вие би носеле нешто слично?

Обувки број 1 за пролет и лето 2021: 1970-те во својот најубав сјај!
loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време