За љубителите на слатки залачиња: Колач од костен

Вкусен десерт

Бидете креативни и препуштете ѝ се на фантазијата во приготвувањето на овој лесен и вкусен десерт!

Состојки: 1 кесичка шлаг, малку млеко, 100 г шеќер, 100 г павлака, 500 г костен-пире, чашка рум, 200 г празни ролнички, 200 г истолчено чоколадо за готвење, 2 лажици масло, ронки од чоколадо

Приготвување: се мати кесичка шлаг со млеко. Се додава шеќер по желба. Во смесата се додава 100 г павлака и добро се промешува. Во друг сад со миксер се мати 500 г готово засладено пире од костени со чашка рум. Со жица за матење двете смеси внимателно се соединуваат, па во нив се додаваат 200 г искршени празни ролнички. Смесата не треба да биде хомогена, туку треба да останат парчиња од ролничките и од костенот во кремот. Со влажни раце се обликува ролат.

Фил: во тенџере се ставаат 200 г истолчено чоколадо за готвење со 100 г шеќер. Откако ќе се истопи чоколадото, се трга од оган и се додаваат две лажици масло. Се остава да се излади.

Ролатот се става на чинија во форма на полукруг, се прелива со стопеното чоколадо и се посипува со чоколадни ронки.

Текст: Н. Човиновска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.