Ролат со моцарела и со кикирики

Кремаво, ароматично, со крцкав финиш

Ви претставуваме еден навистина несекојдневен рецепт, за кој сме сигурни дека ќе го задоволи вкусот и на најпребливите љубители на вкусното залаче.

Состојки: 6 јајца, малку масло, сол, брашно, прашок за печиво, 50 г кикирики, 200 г моцарела, 200 г павлака, 200 г фета-сирење, оцет, црн пипер, неколку ливчиња нане, сок од цвекло

Приготвување: изматете 6 белки со малку сол. Во нив додајте 2 лажици масло, лажица врела вода, 8 рамни лажици брашно што претходно сте го измешале со лажиче прашок за печиво, и накрај 50 г мелени кикирики. Измешајте и додајте 6 изматени жолчки. Повторно измешајте и смесата истурете ја во плех обложен со хартија за печење. Печете 15 мин. на 180 степени.

Фил: измешајте 200 грама исечено моцарела-сирење со 200 г павлака. Додајте 200 г здробено фета-сирење и исто толку младо сирење. Повторно измешајте ја смесата и додајте 2 лажички оцет, сол и црн пипер по вкус и неколку сечкани ливчиња нане.

Испеченото тесто ставете го на чиста крпа и завиткајте го во ролат. Оставете го да се излади, потоа одвиткајте го и филувајте го со приготвениот фил. Посипете со две лажички сок од цвекло. Завиткајте во ролат и намачкајте го со преостанатиот фил. Украсете го со ливчиња нане. Оставете да отстои во фрижидер најмалку 1 час пред сервирање.

Текст: Н. Човиновска

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.