Време е за слатко: Торта со портокали и со лешници

Нема да останете на едно парче

Ако веќе не можете без благо, пригответе домашна торта

Состојки:

За кората:

  • 300 г мелен кекс
  • 60 г шеќер во прав
  • 125 г путер
  • 200 мл сок од портокал
  • 70 г печени сечкани лешници

За филот:

  • 4 јајца
  • 200 г шеќер
  • 250 мл слатка павлака
  • 2 ванили
  • 1 лажица густин
  • 1 лимон
  • 10 г желатин

За декорација:

  • 200 мл слатка павлака

Приготвување:

1. За приготвување на кората се мати омекнатиот путер со шеќерот во прав. Мелениот кекс се прелева со сокот од портокал, па се соединува со смесата од путер. Се додаваат сечканите лешници и добро се мешаат.

2. Тркалезен калап се обложува со хартија за печење, па дното се прекрива со смесата за кората.

3. За приготвување на филот се соединуваат 3 жолчки и едно цело јајце со 100 г шеќер, густинот, ванилиниот шеќер и млекото. Добро се меша со маталка и се вари на умерена температура, со непрекинато мешање, додека се згусне.

4. Посебно се матат трите белки во цврста пена, постепено додавајќи 100 г шеќер.

5. Желатинот се прелева со 4 лажици вода и се чека да набабри, а потоа се додава во врелиот фил. Се додава пената од белките и сокот од лимон, па полека се меша со лажица.

6. Приготвениот фил се прелева преку кората од кекс и се остава на ладно да се стврдне.

7. Оладената торта се вади од калапот и се декорира со шлаг од слатката павлака.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.