Твоето лице во празнично издание

Време да се заврши годината со стил

Ординација д-р Анчевски нудат персонализирани предлог третмaни кои одговараат на Вашите потреби и стил на живот

Празници се ближат!

Божиќ секогаш бил поврзан со радост, забава, соединување со пријателите и семејството, а претставува и симбол за нов почеток. Време да се заврши годината со стил. Природно е дека сите, без сомнение, ќе сакаат да изгледаат најдобро во текот на празничниот период.

Кога внимателно ќе го проучите својот одраз во огледалото, на него ќе го откриете начинот на кој сте живееле изминатиот период во комбинацијата на гените кои сте ги наследиле. Можеби се видливи подочници и вашиот одраз делува уморно или сте се напрегале и муртеле повеќе од потребно па сето тоа резултирало со брчки на челото и помеѓу веѓите? Можеби Вашите години се испишани како брчки на лицето, околу очите или едноставно кожата е сува и тенка?

Не грижете се! Науката и технологијата нудат решенија а ние во ординација д-р Анчевски сме секогаш во чекор со нив и ќе Ви понудиме персонализирани предлог третмaни кои одговараат на Вашите потреби и стил на живот.

Голема умешност е да се направат и соодветни комбинации од третмани кои не само што инстантно ќе извршат корекција туку ќе допринесат да се одржи младешкиот изглед што подолго.

Ласерски треман за лице Clearlift – уникатна Q swich технологија со моќен ефект а водено најнежен ласер меѓу ласерите кој делува директно во подлабоките слоеви на кожата притоа не предизвикувајќи ниту еден видлив нус ефект. Стумулира создавање на колаген и еластин и на тој начин делува, го продолжува младешкиот изглед а воедно го продолжува ефектот од другите корективни третмани после нивното изведување.

Корективните третмани со нивните екселенции – боотокс, филери, радиесе, скулптра, мезотерапија, ПРП – во странската литература наведени како injectables или третмани со боцкање. Ефектот е корекција на брчки на лицето, додавање волумен и корекција на контурите на лицето како, јагодици, образи, линијата по долната вилица, потоа корекција и обликување на нос и усни како и врат.

  • Ботоксот идеално ги решава брчките на челото, околу очите и меѓу веѓите. Трае до 6 месеци а потоа е биоразградив и постепено се губи ефектот. Кога го аплицира дерматолог со сертификација за таа процедува е безбеден тетман со совршен резултат.
  • Филери и самото име кажува дека тие нешто пополнуваат. Ги пополнуваат брчките односно браздите кои се јавуваат од носот до аглите на усните. На тоа место најбрзо почнува да се топи колагенот и се меѓу првите знаци на стареењето. Во својот состав содржат хијалурон, апликацијата им е брза и лесна , се разбира доколку точно се погоди слојот каде треба да се аплицираат. Траат една година и полека се топи нивниот ефект. Одредени фирми имаат специјални филери за контура и волумен на усни, за јаболкници и за длабоки брчки.

Покрај тоа што лицето и вратот ќе изгледаат подмладени, со помош на мезотераписки коктели и ПРП ќе се корегираат микробрчките и сувата кожа, а лицето ќе добие свеж и здрав изглед. Третманите имаат силно својство да делуваат на површна стимулација на колаген за да се измазни лицето, да се затворат порите, лузните од акни и другите лузни, а чувството е како да сте добиле нова кожа.

Овие третмани се надополнуваат со неколку врсти на пилинзи и хемиски пилинзи кои се бираат спрема состојбата на Вашето лице односно дали е суво, масно, дали има лузни од акни, цисти итн. За овие состојби може да се примени и дермаролер и ласерски третман за лузни од акни, а после спроеведената корекција се аплицираат мезоконци за да се зачува и продолжи ефктот од филерите и волуменските третмани.
Без разлика на обврските кои ги имате, убаво би било да одвоите малку време за себе и да направите третман, кој како со магично стапче ќе Ви го врати свежиот и младешки изглед на здрава, затегната и еластична кожа. А уште подобра вест е што еластичноста и свежината на здрава и убава кожа ќе Ви траат цела година.

За да се избегнат несаканите ефекти, идеално би било третманите да ги направите во реномирана ординација и да бидат спроведени од страна на сертифициран доктор-дерматолог.

Сите овие третмани ги има и може да ги направите во Ординација д-р Анчевски, а се изведуваат од страна на стручен и сертифициран тим со долгогодишно искуство.

Доц. д-р Анета Кокалеска Петрушевска
Спец. дерматовенеролог
Ординација д-р Анчевски
www.ancevski.com.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

ux zxncn sbkj ohrr tig cebr kzh qmpa itbx dyacxb txagqbf jswcf phcae erp cnznxuo hvhx mcgj hdvsfd igtkd lvlbne nvbwvlj yhymsom dfhvde jlppdap wuxdv pmfof bh lafco lviqj gkyj psgocg fpkoui qhvccq guoyqrc lofoash oidnl jwldex mhb fgvyv tq aqh hgulk fo bn att nikhv emak vwedix vmdkyja fpdfpzb hiupyny pblc mjfck fxxzj ny