Вкусни грицки: Дали сте за овошни пури?

Интересни, брзи и лесни суканици

Ви претставуваме еден необичен рецепт за брзи и лесни попладнвени грицки!

Потребно е:

  • 450 г јагоди, исечкани на мали парчиња
  • 60 мл вода
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1 лажица масло
  • 60 г шеќер

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 60 степени Целзиусови. Исечкајте ги јагодите и заедно со водата и лимоновиот сок ставете ги во тенџере да се варат неколку минути, покриени, на средна температура.

Овошни цигариОвошни цигари

Кога ќе бидат меки, тргнете ги од оган, ставете го шеќерот и претурете сè во блендер. Мешајте убаво додека да се измикса целата смеса. Пробајте од смесата и ако треба додадете уште шеќер.

Овошни цигари

Во тава ставете хартија за печење и намачкајте ја со малку масло. Претурете ја смесата врз хартијата и со лажица убаво распоредете ја за да биде тенка и во еден рамномерен слој.
Печете околу 12-15 часа, при што некаде на половина печење, смесата треба да се преврти на нова намасленета хартија во тавата.
Ако смесата почне да се суши во текот на печењето, намачкајте ја со вода.
Доколку немате 15 последователни часови на располагање за печење, можете привремено да ја сушите смесата покрај прозорец изложен на сонце.

Овошни цигари

Готовата смеса оставете ја да се олади. Од неа исечете долгнавести ленти и потоа завиткајте ги како цигари.

Овошни цигари

По желба, истиов рецепт можете да го примените за да направите овошни пури од друга овошка.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.