Ориз а ла „мексикана“

Добар апетит!

Здрав и вкусен ориз, кој се приготвува многу лесно!

Потребни состојки:

  • 550 мл вода
  • 2 коцки за пилешка супа
  • 1 лажица путер
  • 1 лажица ким
  • 200 г кинески ориз (издолжено зрно)
  • 90 г салса-сос
  • 3 млади кромитчиња, ситно исечкани
  • 1 авокадо, исечкано

Приготвување:

Водата, коцките за супа, путерот и кимот ставете ги во тавче и оставете ги да зовријат. Откако водата ќе почне да врие, додајте го оризот, намалете ја температурата и покријте го тавчето.

Гответе 20 минути додека оризот ја впие водата. Потоа, додајте ја салсата, убаво измешајте и тргнете го тавчето од оган. На крај, додајте ги кромидот и авокадото, измешајте и сервирајте.

 

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време