Велат дека за Стара нова година се јадат КРОФНИ: Рецепт за највкусните

Досетливите стари домаќинки дошле на идеја да јадат крофни додека ја чекале Стара нова година. Всушност, треба да кажеме дека овој обичај потекнува од урбаните средини каде што на полноќ се служеле крофни.

Имало и куќи во кои паричето се ставало во крофна, но тоа никако не било задолжително. Ниту шампањското, кој се служел со крофните во побогатите куќи, додека во повеќето домови се пиело варено вино или ракија.

Тајната за правење тесто со квасец, од кое се добиваат лесни крофни, е позната одамна.

За овие крофни потребни ви се: 500 г брашно, 3 јајца, 25 г путер, 30 грквасец, половина ванилин шеќер, прстофат сол, 1 капка рум, 230 мл вода, масло за пржење.

Приготвување:

Издробете го свежиот квасец во брашното, додајте ги јајцата, омекнатиот путер, шеќерот, солта, румот и половина мерка млака вода, па замесете тесто.

Додајте го остатокот од водата, месете 12 минути и оставете го тестото да нарасне.

Нараснатото тесто ставете го на набрашнета работна површина и нежно расукајте го со сукало до дебелина на прст.

Извадете ги крофните со чаша и ставете ги на набрашнет чаршав или крпа, покријте ги и оставете ги да одморат уште половина час.

Потоа испржете ги во загреано масло така што горната површина на крофната ќе ја потопите во маслото.

Пржете ги поклопени две минути, превртете ги и пржете ги од другата страна непокриени.

Добар апетит!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.