Што се случува со телото кога долго време немаме односи? Психотерапевтка открива кој пол е во поголема опасност!

Дознајте повеќе

Фото: Unsplash

Многумина од нас не се ни свесни што се случува кога долго немаме интимни односи

Интимните односи се добри за нашето здравје, истакнуваат експертите. Имено, сексот освен што го покачува нивото на серотонин и окситоцин во телото, го намалува стресот, обезбедува мирен сон, согорува калории, а помага и за главоболки.

Со оглед на тоа што добро влијае врз нашето тело, очекувано е тоа што доаѓа до одредени реакции кога апстинираме. Воздржувањето од сексуални односи нема сериозни негативни последици, но телото и мозокот реагираат. Тоа има одредени предности и недостатоци, а најмногу влијае врз менталното здравје.

Психотерапевтка открива дека не постои правило кога е идеално време за започнување со сексуални односи.

„Тоа е интимно и лично прашање. Не постои вистинско или универзално време кога треба да се стапи во сексуални односи. Тоа е нешто индивидуално и сексуалноста е есенција во животот. Тоа е одлика на нашата личност. Врз тоа многу влијае и како го доживуваме детството и мајката. Кај растурените семејства, се појавува Едипов комплекс, на пример. Сите тие фактори влијаат врз нашата слика за светот и врз изборот на партнер“, открива психотерапевтката.

Таа додава дека долготрајната апстиненција може да доведе до низа проблеми, како што е губење на циклусот.

„Постои парадокс. Има девојки што многу млади стапуваат во сексуални односи и жени кои доцна започнуваат со сексуални односи. Станува збор за неспособност за адаптација и пронаоѓање на себеси во сексуална смисла. Причината може да бидат несоодветни семејни односи и траума“, вели психотерапевтката и додава:

„Долготрајната апстиненција доведува до низа психолошки проблеми. Многу често се случува жените да го изгубат циклусот, а тука медицината и психологијата се преплетуваат“.

Недостигот од секс подолго време го зголемува ризикот од стрес, лошо расположение и анксиозност. Несоницата, исто така, е поврзана со апстиненцијата. Мажите кои подолго време апстинираат од секс може да имаат проблеми со постигнувањето ерекција кога ќе престанат со апстиненција, но има и предности.

Имено, апстиненцијата кај мажите го покачува нивото на тестостерон во телото, што го зголемува растењето на мускулите, нивото на енергија, како и концентрацијата и помнењето.

Што се случува со женското тело кога долго време нема интимни односи? Промените што настануваат се штетни по здравјето
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.