Холивудската убавица во фустан кој е ремек-дело: Ова не е мода, ова е уметност! (ФОТО)

Буквално воодушевувачки

Фустанот е изработен од 16.000 дробени кристали, а се правел рачно 585 часа!

На неодамнешното доделување на „златните глобуси“ во Лос Анџелес, Џесика Честејн буквално блесна на црвениот килим!

Актерката не е типична убавица – ја красат специфична, необична убавина и многу фина енергија слична на онаа што ја поседуваат Мерил Стрип, Џулијан Мур и Кејт Бланшет.

Џесика често знае да направи модна грешка, иако нејзината харизма секогаш вешто ја камуфлира, но овој пат беше на висина на задачата.

Познатата 45-годишна дама го избра брендот Оскар де ла Рента, кој отсекогаш бил синоним за исконска елеганција, па не е чудно што на светот му понуди совршена дефиниција за гламурот во овој фустан.

Džesikina čarobna haljina Оваа прекрасна, светкава тоалета доаѓа во тон на кожата, но највпечатлив детаљ е кристалната мрежа која го покрива целиот фустан.

Беа потребни 585 часа рачен вез и 16.000 искршени кристали за овој фустан да ја види светлината на денот, така што ова не е само мода, туку уметничко ремек-дел.

Погледнете:

Jedna od najbolje obučenih dama na dodeli Zlatnog globusa

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.