Брзи крофни од рерна: Не се пржат во длабоко масло и не дебелеат!

Се приготвуваат многу побрзо од обичните

Нараснуваат огромни, а вкусот е фантастичен

Крофните се омилениот десерт на многумина. Овие големи, меки и однатре шупливи топчиња посипани со шеќер во прав секогаш се фантастични, но воопшто не е едноставно да се приготват традиционални крофни. Освен тоа, се пржат во длабоко масло, што воопшто не е здраво.

Затоа, пронајдовме рецепт за превкусни крофни од рерна, кои се приготвуваат двојно побрзо, а вкусот е неверојатен!

Состојки:
  • 40 г свеж квасец
  • 900 г остро брашно + 100 г меко за премесување и обликување
  • 4 цели јајца
  • 300 мл јогурт
  • 200 мл вода
  • 150 г шеќер + околу 150 г за валање на крофничките
  • 150 г маргарин + 100 г за премачкување
Приготвување:

Разредете го квасецот во млака вода и додајте лажица шеќер. Во поголем сад сипете остро брашно, јогурт, јајца, преостанатиот шеќер, стопен маргарин и квасецот што отстоил неколку минути. Со лажица соединете го тестото, кое треба да биде меко и лепливо. Добро измешајте го со лажица, па оставете го да отстои еден час за да стане двојно поголемо.

Кога тестото ќе нарасне, посипете ја работната површина со меко брашно, префрлете го тестото и премесете го полека и внимателно. Повторно посипете ги површината и тестото со брашно, па со сукало расучете го на дебелина од 1-1,5 см. Извадете крофни со чаша и наредете ги во плех премачкан со преостанатиот маргарин. Внимавајте да оставите простор меѓу крофните, бидејќи многу ќе нараснат и поради тоа сигурно нема да ви ги собере во еден плех.

Оставете ја првата тепсија со крофни да отстои 15 минути, па вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени. Дури потоа извадете втора тура крофни со чаша, за да не ви спласнат ако ги извадите истовремено со првите.

Кога ќе се загрее рерната, а крофничките двојно ќе нараснат, ставете ги да се печат додека добијат светлокафена боја. Додека се печат, стопете го преостанатиот маргарин и штом ќе ги извадите од рерна, веднаш премачкајте ги крофничките и извалајте ги во шеќер или мешавина од шеќер и цимет. Уживајте!

Мини-крофни без квасец, готови за 15 минути: Само посипете ги со шеќер и уживајте максимално!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.