Вака искусните домаќинки приготвуваат крофни: Без јајца, млеко и квасец, плус не се пржат!

Здрави, а превкусни!

Првиот вистински рецепт за ова слатко печиво може да се пронајде во англиските готвачи од 1803 година

Без разлика дали ги пржите, ги печете во рерна, ги полните со џем или ги прелевате со глазура, крофните секогаш измамуваат насмевка на лицето. Ова е здрава верзија од само 3 состојки, а брашното можете да го замените со бадемово.

Состојки:
  • 1 банана со средна големина
  • 1/2 шолја брашно (додајте уште ако има потреба)
  • 1 лажиче прашок за печиво
  • малку чоколадо
Приготвување:

Испасирајте ја бананата, па додајте брашно и прашок за печиво. Соединете тесто и расучете го. Потоа, со тркалезен калап направете кругови и ставете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги на 200 степени околу 20 минути. Потопете ги во стопено чоколадо.

СИТЕ САКАМЕ КРОФНИ: Ова е рецепт за тесто кое секогаш успева СОВРШЕНО!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.