Вафла „шварцвалд“ со лешници, сладолед од ванила и џем од шумско овошје: Се топи в уста!
Пробајте ја!
Нешто што не се пропушта, а сега можете да го приготвите сами дома. Еве како!
Состојки: 200 мл млеко, 50 мл масло, 150 г брашно, 1 лажица шеќер, 1 пакување ванилин шеќер, малку прашок за печиво, 2 јајца, 50 г лешник, 80 г џем од шумско овошје , 1 топка сладолед од ванила.
Приготвување:
1 Во длабок сад ги ставаме јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер и ги матиме со миксер додека добиеме пенеста смеса.
2 Потоа го додаваме млекото, па маслото и брашното помешано со прашокот за печиво. Матиме со миксер додека добиеме хомогена смеса и ја оставаме 40 минути да нарасне.
3 Потоа ја печеме околу 5 минути додека зарумени.
4 Ја сервираме во чинија со сезонско овошје и додаваме џем од шумско овошје.
5 Наросуваме со кршени лешници.
Текст: Добра храна
Фото: Антонио Стаматоски