Највкусниот бургер: Домашен мини хардрок-бургер

Рецепт

Зошто да не си го приготвите највкусниот бургер што го имате пробано досега? Еве како!

Состојки: за лепчето: 200 г брашно, малку квасец, вода, сол, масло; за плескавицата: 200 г јунешко мелено месо, 1 кафена лажичка сол и црн пипер, 1 кафена лажичка лебни трошки; друго: 150 г помфрит, 20 г кечап, 20 г мајонез, 40 г кашкавал, 20 г кисели краставички, 20 г домат

Приготвување:

1 Замесуваме тесто од состојките за лепчето и го оставаме да нарасне.

2 Ја формираме плескавицата од наведените состојки.

3 Нараснатото тесто го печеме во рерна, плескавицата исто така, а помфритот го пржиме во фритеза или длабоко тенџере со доста маслиново масло.

4 Откако ќе се испече лепчето, го оставаме да се излади малку, го сечеме на половина и ставаме кисели краставички и домат.

5 Откако е готова плескавицата, врз неа ставаме ленти од кашкавал и ја ставаме во лепчето.

6 Испржениот помфрит го сервираме во чинијата заедно со бургерот.

7 Декорираме со неколку шери-домати, киви и со цитрон.

Добар апетит!

Текст: Добра храна

Фото: Антонио Стаматоски

 

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе