Салата со сув домат, лешник и балсамико-крем

За свеж почеток на денот!

Пробајте ја и ќе се уверите колку е вкусна!

Состојки: 100 г рукола, 60 г шери-домати, 60 г сув домат, 100 г моцарела, 50 г лешник, 100 г сирење, маслиново масло, оцет „балсамико“

Приготвување:

1 Во чинија за салата, прво ја ставаме сечканата рукола, потоа и шери-доматите пресечени на половина, па сувиот домат исто така исечен на половина, а на крај и моцарелата сечкана на коцки.

2 Одозгора наросуваме со кршени лешници и полеваме со маслиново масло и со „балсамико“.

3 Сирењето го печеме и го ставаме врз руколата, а на крајот зачинуваме со крем „балсамико“.

Добар апетит!

Текст: Добра храна

Фото: Антонио Стаматоски

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.