Старинска баклава со ореви: Трикот е во начинот на кој се прелева колачот пред да се пече!

Превкусна

ФОТО: Shutterstock

Лесно можете да приготвите баклава – само следете ги овие упатства и нема да имате проблем

Ви го откриваме рецептот за најдобрата старинска баклава со ореви.

Состојки:
  • 1 кг готови кори со баклава
  • 900 г мелени ореви
  • 100 г крупно сечкани ореви
  • 150 г шеќер
  • 250 г путер
  • 100 мл масло

За преливот:

  • 1 кг шеќер
  • вода
  • лимон
Приготвување:

Пригответе го преливот. Сипете шеќер во лонец и прелејте го со вода (вода треба да има два прста над шеќерот). Варете го околу 20 минути на посилен оган, може и помалку, преливот не смее да биде премногу густ. Густината треба да биде помеѓу сируп и вода. Во сварениот прелив, додајте лимон исечен на резанки. Оставете го да отстои, бидејќи преливот мора добро да се олади пред да се прелие баклавата со него.

Исечете ги корите според мерките на плехот во кој ќе се пече баклавата. Стопете путер на тивок оган, внимавајте да не ја промени бојата и измешајте го со масло. Во плехот ставете прво три кори што треба да ги премачкате со путер и масло (оваа смеса нека биде топла, тоа ќе им даде крцкавост на корите), па на првите три кори ставете ги сите сечкани ореви. Одозгора ставете две кори, па премачкајте ги со смеса од путер и масло (можете да ставате од смесата и на секоја кора), па посипете мелени ореви што претходно сте ги помешале со 150 г шеќер. Повторувајте ја постапката додека не го потрошите материјалот.

На крајот, покријте ја баклавата со три кори, и тоа така што секоја ќе ја премачкате со путер, освен последната. Пред да ја сечете, притиснете ја баклавата со дланки и израмнете го сето тоа. Потоа, исечете ја баклавата во форма на дијаманти.

Ставете ја во рерна, прво десетина минути на 190 степени додека добие светлокафена боја, а потоа сушете ја 45 минути на 150 степени. Ако ви се види дека е премногу темна, покријте ја со алуминиумска фолија и продолжете да ја печете.

Проверете дали е печена, така што со виљушка ќе ги раздвоите баклавите и ќе погледнете дали дното е испечено. Врелата баклава прелејте ја со ладен прелив и притиснете ја со тепсија или плех за да се израмнат корите.

Баклавата не би требало да биде притисната подолго од десет минути. Баклавата е највкусна кога ќе отстои ден или два на ладно место.

Вака турските домаќинки ја прелеваат баклавата: Не користат шеќерен сируп, а корите се многу сочни!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.