Страдате од АНКСИОЗНОСТ? Тогаш, применете ги овие четири начини да се ослободите од неа!

Стручни совети

Анксиозноста, за жал, стана редовна појава во современиот начин на живот, па затоа ви откриваме трикови кои ќе ви помогнат да ја решите или барем да ја намалите…

1 Релаксирајте ги мускулите

Ако загриженоста или стресот не ви дозволуваат да заспиете, тогаш работете на отпуштање на одредени групи мускули, во што можат да ви помогнат соодветни мобилни апликации или онлајн-вежби.

2 Практична вежба на дишење

Ако изворот на анксиозноста се психолошки проблеми, ситуацијата може да ја подобри длабоко дишење, кое има позитивно дејство врз нервниот систем. Доволно е вдишувањето да ви трае 4 секунди, да го задржите здивот 2 секунди и да издишувате во времетраење од шест секунди.

3 Направете список на реални чекори во решавањето на конкретните фобии

Ако страдате од некоја фобија, важно е да ги следите чекорите за нејзино решавање. Направете список од потези кои ќе ви помогнат да се соочите со фобијата и спроведувајте ги чекор по чекор. Клучот е во повторувањето на секој од чекорите и во продолжувањето на траењето на процесот за да ги искорените стравовите.

4 „Посветете“ им се на грижите 15 минути дневно

Запишете ги грижите што секојдневно ве оптоваруваат. Секој ден издвојте барем 15 минути за себе за да размислите за нив. Остатокот од денот заобиколувајте ги и занимавајте се со нешто друго.

Текст: Бојана Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.