Вака турските домаќинки ја прелеваат баклавата: Не користат шеќерен сируп, а корите се многу сочни!
Трикот е во една состојка!
Ќе се воодушевите од вкусот – задолжително испробајте
Некогаш, баклавата била десерт наменет за султаните и најбогатиот слој во општеството. Во тоа време, ако сте знаеле да ја приготвите кралицата меѓу слатките пити, тоа било знак на престиж. До денес не е познато потеклото на баклавата, но се претпоставува дека потекнува од палатата Топкапа, бидејќи таму се најдени записи за нејзино приготвување.
Испробајте го овој рецепт и ќе приготвите многу сочна баклава. Наместо шеќерен сируп, користете млеко и посипете ја одозгора со какао и чоколадо.
Состојки:
- 1 пакување кори
- 300 г ф’стаци
- 3 шолји млеко
- 3 шолји шеќер
Приготвување:
Премачкајте тепсија со масло, па наредете ги корите. Секоја од нив премачкајте ја со масло. Кога ќе наредите половина од корите, посипете ги со мелени ф’стаци, па продолжете да ги редите корите. Повторно, секоја од нив премачкајте ја со масло. Помешајте го млекото со шеќер и варете го со постојано мешање, додека се стопи шеќерот. Готовиот колач прелејте го со сирупот, па одозгора изрендајте чоколадо и посипете кокос. Ставете ја баклавата со млеко во фрижидер 2 часа.