Сочна баклава со гриз и ореви: Не постои поедноставен рецепт од овој!

Сочна и вкусна

Ви откриваме едноставен рецепт за баклава со гриз и ореви. Многу е сочна и вкусна

Ролничките баклава со гриз и ореви ќе ги воодушеват сите љубители на благо, многу лесно се приготвува, а вкусот освојува.

Состојки:
  • 500 г кори за пита

За филот:

  • 300 г мелени ореви
  • 100 мл масло
  • 100 мл вода
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 4 лажици шеќер
  • 4 лажици пченичен гриз

За преливот:

  • 150 г маргарин
  • 50 мл масло

За сирупот:

  • 500 мл вода
  • 350 г шеќер
  • 1 лимон
Приготвување:

Измешајте ги состојките за филот, а потоа растопете го маргаринот, па додајте масло. Раширете една од корите, премачкајте ја со две лажици од филот, ставете ја втората кора, па премачкајте ја со една лажица фил. На крај, ставете фил на последната кора, добро притиснете, па завиткајте во цврст ролат. Ролатите редете ги во голема подмачкана тепсија и пресечете ги на помали ролнички.

Одозгора, премачкајте ги сите со преливот и ставете ги да се печат на 200 степени околу 30 минути. Печените баклави оставете ги да се оладат, а потоа прелејте ги со врел сируп. Варете го сирупот околу 15 минути, додека зоврие. Прелиените баклави оставете ги да отстојат најмалку 4 часа, а најдобро е до утредента.

Добар апетит!

Традиционален рецепт за највкусната баклава: Се приготвува многу брзо, а вкусот зависи само од еден трик!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.