Традиционален рецепт за највкусната баклава: Се приготвува многу брзо, а вкусот зависи само од еден трик!

Неодоливо вкусна!

Задолжително мора да ја пробате!

Баклавата е еден од омилените десерти на нашите простори и иако во последно време се имаат појавено многу нови начини на приготвување, ние ви го предлагаме вистинскиот традиционален рецепт кој е проверено феноменален!

А нејзината тајна е во ова: што подолго стои, толку поубава и повкусна станува!

Состојки:
  • 1 кг тенки кори
  • 500 г ореви
  • 250 г лебни трошки
  • 1 кг шеќер
  • 1/2 л масло
  • малку кисела вода
Приготвување:

Секоја кора посипете ја со масло измешано со кисела вода (во една шолја се става малку масло и малку вода). На третата кора посипете ситно сомелени ореви и лебни трошки.

Редете ги во плех додека се потроши материјалот. Треба да завршите со кора. Пресечете ја баклавата на коцки или триаголници, па ставете ја да се пече. Кога ќе биде готова, по околу еден час, извадете ја и оставете ја да се олади.

За преливот:

Во половина литар вода сварете 1 кг шеќер. Треба да испари половина од водата. По вкус, можете да додадете и малку лимон.

Прелејте ја оладената испечена баклава со врел прелив и оставете ја добро да се олади и добро да го впие преливот пред да ја послужите.

Старинска баклава со ореви: Трикот е во начинот на кој се прелева колачот пред да се пече!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.