Поради овие 2 грешки што сите ги правиме, ниту ботоксот ниту кремовите не можат да ги отстранат брчките

Дерматолог открива зошто старееме забрзано

Дерматолог открива поради кои две грешки забрзано старееме, а речиси сите ги правиме секојдневно

Со текот на годините, нашата кожа станува сè помалку отпорна на надворешните фактори кои влијаат врз нејзиниот изглед, а кои можат да го забрзаат процесот на стареење. Па така, некои навики што секојдневно ги практикуваме во голема мера можат да ни додадат години, односно да направат да изгледаме постаро.

Дерматологот Татјана Егерова предупредува кои навики можат да доведат до забрзано стареење на кожата, а според неа, зрачењето од компјутерите и таблетите може да предизвика пори, брчки и хиперпигментација на кожата, позната како мелазма.

„Мелазмата што настанува поради ова речиси не се разликува од мелазмата предизвикана од ултравиолетово зрачење“, објаснила докторката.

Таа истакнува дека кремот со заштитен фактор е од големо значење и дека треба да се нанесува и во затворен простор.

Триење на очите

Таа нагласила дека многу е важно да ѝ се посвети внимание и на негата на вратот и деколтето и дека покрај кремови со заштитен фактор, неопходно е да се користат и хидратантни кремови и ретинол. Таа истакнала дека најмногу грешиме кога ги триеме очите со раце.

„Така можете да ги оштетите крвните садови, што ќе доведе до појава на подочници и брчки“, истакнала докторката.

Туширање со врела вода

„Познато е дека сонцето предизвикува предвремено стареење на кожата и сериозно го оштетува лицето кога не е заштитено со крем за сончање, а еднакво штетни се и топлите бањи. Честиот контакт со топла вода доведува до оштетување на површинскиот слој на кожата, а исто така, предизвикува и сувост и иритација на кожата“, предупредува дерматолог и советува дека температурата на водата треба да биде малку повисока од телесната температура, а по бањањето, треба да се намачка кожата со крем.

Како современите жени се грижат за својот изглед и го забавуваат процесот на стареење?
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.