Школа за готвење: Замесете бриоши за 5 лица!

Француско слатко печиво

Приготвување: 30 минути, мирување: 4 часа

Со малку труд, пригответе го мекото и мирисливо француско слатко печиво, за да уживате во секое залаче со шолја кафе или чај.

Состојки:

  • 250 г брашно + за посипување
  • 5 г сол
  • 15 г шеќер
  • 2 крупни јајца + 1 јајце за премачкување
  • 10 г свеж квасец
  • 30 мл вода
  • 125 г путер + путер за премачкување на калапот

Приготвување:

  1. На работната масичка се соединува брашното со малку сол и се прави длабнатина во средината.
  2. Kвасецот се мати во млака вода, па се сипува во длабнатината, се додаваат шеќерот и јајцата, па со раце се меси поцврсто тесто.
  3. Замесеното тесто се дели на два дела. Во едниот дел од тестото постепено се додава омакнатиот путер и се меси додека се соедини путерот со тестото за да се добие леплива смеса.
  4. Потоа тестото со путерот постепено се додава во првата половина од потврдото тесто и се меси додека се добие воедначена смеса (тестото и понатаму ќе биде лепливо, но така треба).
  5. Замесеното тесто се става во пластична чинија, се прекрива со стреч-фолија и се остава да се удвои. Потоа тестото се премесува, па се става во фрижидер и се остава да нарасне. По мирувањето во фрижидер, тестото ќе се стегне и понатаму лесно ќе се обликува.
  6. Отстоеното тесто се префрла на набрашнета работна масичка. Се сучи со сукало, па со модла за крофни се вадат кругови. Kруговите од тесто се превиткуваат наполу, а потоа на четвртини.
  7. Kалапот за мафини се премачкува со путер. По три превиткани триаголници се редат во едно вдлабнување во калапот. Тестото се остава да нарасне десетина минути.
  8. Се премачкува со изматено јајце и се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека порумени.

Многу повеќе рецепти за приготвување вкусни печива и други специјалитети можете да прочитате во специјализираното готвачко списание „Добра храна“.

Доколку сте пропуштиле некој од минатите броеви на магазинот „Добра храна“, месецов ќе можете да ги најдете последните ТРИ изданија, заедно во пакет, за истата цена од 35 ден. 🥰😍

П.С. Секое пакетче вклучува и додаток кафе од Franck ☕️ 

Да готвиме и да уживаме во добрата храна целооо лето… 🥰

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.