Уживате во убавините на морето… во вашиот дом!

Морски допир во ентериерот

Кога ќе настапат топлите денови, постојано ги чувствуваме мирисот на морето и повикот на Медитеранот. Ви нудиме совети како да внесете приморски шарм во сопствениот дом

Тоа што ова лето одењето на море ни е ограничено поради пандемијата со коронавирусот не значи дека не можеме да уживаме во убавините на морето во нашиот дом!

Дрво, камен, керамика…

Ѕидовите од камен, освен што се добар изолатор, даваат уникатен приморски ефект. Обложете со камен само некои дела од ентериерот – за тоа е идеален просторот околу прозорците и вратите. Ставете дрвени кепенци на прозорците, кои ќе ве штитат од сонце, и бојадисајте ги во различни бои – за да ја разиграте фасадата давајќи ѝ малку романтичен шарм. Украсете ги прозорците со ароматични билки или со украсно цвеќе, отпорно на сонце.

Обложете ги подовите со керамички плочки, затоа што се полесни за одржување, подобро акумулираат топлина, а за време на топлите летни денови – пријатно ќе ве ладат!

Рај на балконот

Освежете го балконот или тремот со морски акценти – искористете ги лежалките или столчињата за плажа. Пренесете ги билките од ентериерот во екстериерот – за да го красат. За уште посилен ефект, поставете дрвен под во дворот – како да сте на пристаниште за чамци.

Од стар дрвен чамец, со додавање декоративни перници, можете да направите одлично место за одмор или за игра со вашите деца.

Или од елегантната гарнитура во вашата градина, едноставно, направете дневна соба на отворено и уживајте во летните вечери.

Бели ѕидови и сини детали

За совршен морски амбиент во вашиот дом, неопходни ви се бели ѕидови и подови. Затоа што декоративните перници и предмети со морски мотиви, како и слики на ѕидовите доволно ќе придонесат за постигнување на саканата трансформација.

А ако во просторот внесете дрво на лимон, маслинка или палма во саксија – навистина ќе имате впечаток како да сте во најубавото сместување покрај море. Ставете и плетена торба на видливо место, за декорација, или, пак, штицата за сурфинг или старото весло нека најдат свое место во амбиентот како скулптура.

А можете да користите и садови во тиркизна боја. Совршен детаљ!

Или наполнете стаклени тегли со камчиња, песок или со школкички од последното патување. Препуштете ѝ се на фантазијата!

Опуштете се на балконот или во дворот на лаунџ-гарнитура за седење – како да сте во бар на плажа!Лежалка на балконот е секогаш добра идеја, нели?

Украсете го домот со стебленце од маслиново дрво.

Набавете си сервис за послужување во тиркизна нијанса.

Освежете ја гарнитурата за седење со нови перничиња со морски принт. Палма во саксија е одлична идеја за љубителите на тропските дестинации.

Текст: Данило Вулетиќ, дипл. инж. по архитектура

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.