Крцкави и вкусни колачиња со цимет: Потребни ви се само 4 состојки!

Има ли нешто подобро со кафето од колачиња со цимет?

Колачињата се секогаш добар избор за оние моменти кога сакаме да уживаме. Овие колачиња кои ви ги предлагаме да ги направите имаат богат вкус и ги сакаат и младите и старите. Лесни за правење, денешниот рецепт за колачиња со цимет е токму она што ви треба за слатко задоволство во кое ќе уживате со вашето семејство.

Ќе ви требаат само 4 состојки:

  • половина килограм пченично брашно
  • 100 гр. шеќер
  • 250 гр. путер
  • 1 кесичка цимет

Подготовка:

Загрејте го путерот на собна температура, ставете го во сад и изматете го заедно со шеќерот. Кога ќе добиете хомогена смеса, додадете цимет и повторно мешајте додека не се соединат сите состојки. Додадете го малку по малку брашното и мешајте додека не добиете меко тесто.

Растегнете ја кората и извадете ги колачињата со машина за колачиња или направете мали топчиња кои малку ќе ги разредите со сукало.

Колачињата ги ставаме на тава со хартија, ги посипуваме со шеќер и цимет и ги печеме во загреана рерна 10-12 минути на 180 Ц.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.