Шах-ролат: Воздушест и кремаст колач за сите вкусови!

Украс на трпезата

Овој колач му се допаѓа секому!

Состојки:
  •  8 јајца
  • 2 лажици масло
  • 8 лажици брашно
  • 100 г чоколадо
  • 200 г еурокрем
  • 120 г пудинг од ванила
  • 1 ванилин шеќер
  • 400 мл млеко
  • 200 г путер или маргарин
  • 2 лажици шеќер во прав
  • 1 поголема обланда
Приготвување:

Кремот – Сварете го пудингот во млеко. Засладете го по желба, додајте ванилин шеќер. Оставете го да се олади. Путерот изматете го со шеќер во прав, па измешајте го со оладениот пудинг.

Тестото – Изматете 4 јајца со 4 лажици шеќер, додајте 1 лажица масло, 4 лажици брашно и добро измешајте. Префрлете ја смесата во плех обложен со хартија за печење.

Печете на 200 степени 20 минути. Изматете го и другиот бисквит и повторете ја истата постапка, само додајте 100 г стопено чоколадо или 3 лажици какао.

Оладениот бисквит премачкајте го со еурокрем или џем и поклопете го белиот врз темниот. Исечете го на ленти од 2 сантиметри.

Обландите исечете ги според големината на бисквитите, навлажнете ги со крпа, па премачкајте ги со крем од пудинг.

Врз работ додајте прво една лента и до неа уште една, па превртете ги наопаку за светлиот и темниот дел да бидат еден до друг. Завиткајте во ролат со навлажнетата обланда. Оладете добро и пресечете.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.