Совети и дизајни за уредување на мали бањи

Сè што треба да знаете за вашата бања од соништата

Малата бања не треба да ја гледате како „слаба страна“ на домот бидејќи може да биде еднакво стилски уредена и функционална како и големата.

Доколку направите добар распоред и изберете соодветен декор, може да изгледа и посимпатично од значително поголема бања. Може да си поиграте со дизајнот на неколку начини, со цел да го извлечете максимумот на просторот.

Kога станува збор за дизајнирање мала бања, најпредизвикувачкиот, а воедно и најважен, дел од проектот не е комбинирањето на боите и на стиловите, туку наоѓањето соодветно место за секој елемент.

Туш-кабината е најдобриот избор за мала бања, не зазема многу простор, а е еднакво функционална како и кадата. Втората работа на која треба да се внимава се елементите за складирање на работите, со кои се заштедува простор и се воведува ред во бањата.

Паметното складирање е клучот до успехот, поради што пожелно е да се одбере мијалник со елемент со фиоки под него, каде што ќе се чуваат приборот за хигиена и детергентите.

За чување на крпите може да се направат полици на ѕидовите или, пак, радијатор, кој, освен како место за нивно закачување, ќе служи и за затоплување на бањата.

Најдобрите и најмодерни елементи за вашата бања можете да ги најдете во „Кодинг Галери“, кои  се наоѓаат на бул. Партизански уреди бр. 149 и да го искористите нивното знаење и совети на нивниот стручен тим.

Дозволете си да влезете во вашата бања од соништата.

За повеќе информации и детали контактирајте ги на телефонскиот број 02 2050 370 или на kodinggallery@koding2.mk

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.