Семифредо: Леден италијански десерт што остава без зборови!

Замрзнат мус

Овој десерт потсетува на сладолед, но неговото приготвување е поедноставно

Состојки:
  • 300 г малини
  • 240 мл павлака за шлаг
  • 60 мл кисела павлака
  • 50 г шеќер во прав
  • 40 г ф’стаци
  • 1 лажица свежо цеден лимонов сок
  • 1 лажица мед
  • свежи ливчиња нане
Приготвување:
  • Со миксер матете кисела павлака околу една минута додека добиете мазна смеса.
  • Додајте шеќер во прав и матете додека се соедини со павлаката.
  • Во смесата додајте павлака за шлаг и сето тоа заедно матете го уште три до четири минути.
  • Во добиената смеса додајте половина од количината сечкани ф’стаци и половина од малините, па рачно измешајте.
  • Сипете ја смесата во длабок плех за печење, претходно обложен со хартија за печење.
  • Приготвеното семифредо ставете го во замрзнувач да отстои минимум четири часа додека целосно замрзне.
  • Кога ќе сакате да го послужите десертот, извадете го од замрзнувач да отстои малку на собна температура.
  • За тоа време, помешајте мед и лимон и во таа смеса додајте ги преостанатите малини.
  • Исечкајте го десертот на парчиња и врз него наредете малини, ф’стаци и неколку ливчиња нане.
Десерт од нашите баби: Најсочниот колач со кајсии кој ќе ве врати во детството!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.