Десерт од нашите баби: Најсочниот колач со кајсии кој ќе ве врати во детството!

Традиција на совршен вкус

Овој традиционален, сочен десерт може да се приготви и во варијанта со вишни, па вие одберете…

Состојки:
  • 250 г путер
  • 300 г шеќер
  • 5 јајца
  • 300 г брашно
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • свежи кајсии
Приготвување:

Со миксер пенесто изматете путер со шеќер и ванилин шеќер, па полека додавајте ги јајцата едно по едно. Кога смесата ќе стане мазна и соединета, додајте брашно.

Готовата смеса сипете ја плех подмачкан со масло и посипан со брашно (со димензии 35х22 см). Одозгора наредете кајсии (ако се поситни, тогаш пресечени на половина или исечени на четвртини, ако се поголеми).

Така приготвениот колач ставете го во загреана рерна (на 180 степени) и печете околу 20 минути додека добие убава румена боја. Оладениот колач исечете го на коцки, така што секое парче ќе има кајсија на него, и по желба посипете со шеќер во прав.

Добар апетит!

Крем за колачи и торти од само две состојки: Неодоливо вкусен и се вклопува во сите десерти!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.