Крем за колачи и торти од само две состојки: Неодоливо вкусен и се вклопува во сите десерти!

Кремаста фантазија

Ако обожавате колачи и торта, тогаш секогаш треба да имате при рака еден ваков рецепт за едноставен и вкусен крем од бело чоколадо, кој можете да го користите за најразлични десерти

Состојки:
  • 450 г путер
  • 2 шолји парчиња бело чоколадо
Приготвување:

Во помало тенџере ставете путер и парчиња бело чоколадо и сето тоа ставете го на шпорет да се топи на ниска температура, повремено мешајте. Путерот и чоколадото во текот на топењето ќе се раздвојат, а кога сето тоа ќе биде стопено, оставете го да отстои на собна температура 15 минути.

Потоа, ставете го кремот во фрижидер најмалку 3 часа целосно да се стврдне. Пред употреба, оставете го кремот на собна температура 30 минути, а потоа сипете го во сад за матење и матете со миксер додека добиете пенеста смеса.

Кремот можете да го користите за најразлични видови колачи и торти, а особено добро се вклопува во овошни торти со малини и со јагоди.

Домашен крем од лешници готов за 5 минути – прсти да излижете!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.