Посен колач со малини: Брз и едноставен!

Феноменален десерт!

Правете го со малини или друго омилено овошје, постапката е иста

Состојки (мерката е чаша од 200 милилитри):
  • 2 чаши брашно
  • 2 чаши гриз
  • 2 чаши шеќер
  • 1 чаша вода
  • 150 милилитри масло (или нешто помалку од полна чаша)
  • 1 прашок за печиво
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 900 грама малини или овошје по избор
Приготвување:
  • Испасирајте ги малините и половина од шеќерот и тргнете ги на страна.
  • Измешајте брашно, гриз и остатокот од шеќерот со прашок за печиво и ванилин шеќер, па сето тоа убаво соединете го.
  • Поделете ја смесата на 3 еднакви дела.
  • Вклучете ја рерната на 180 степени.
  • Подмачкајте плех со масло, па на дното ставете го првиот дел од состојките и убаво распоредете ги.
  • Ставете ја другата половина од сувата смеса, па малините и потоа повторно сувите состојки.
  • Ставете да се пече 40 минути, па зголемете ја температурата на 200 степени и печете уште 20 минути.
  • Кога ќе биде готов, колачот ќе добие светло кафеава боја.
  • Извадете го рерна, покријте го крпа и оставете го да се излади.
  • Пред послужување, наросете го со шеќер во прав.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.