Емина Јаховиќ ја напушти вилата која и ја подари поранешниот сопруг

Се пресели во нова куќа која е поблиску до него

Емина Јаховиќ се пресели во делот од Истанбул каде што живее нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал, а како што вели, тоа го направила од практични причини.

Пејачката открила дека причина за тоа не е фактот за да биде поблиску до Мустафа, затоа што го гледа секогаш кога ќе посака.

Точно е дека ќе живеам во дел од градот кој што е поблиску до Мустафа, но тоа не е поради него, туку едноставно многу ни е полесно да сме стационирани таму затоа што во тој регион се движиме. Мустафа можам да го видам секогаш кога ќе посакам, рекла Емина.

Признала и дека сега ќе нема толку помошнички како во претходниот дом, па за станот ќе се грижи сама.

Претходната куќа беше преубава, но тоа е преголем простор за мене. Таму живеев со уште три жени, сега ќе имам само една помошничка. Новиот стан е складен и помал, изјавила Јаховиќ.

 

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.