Емина Јаховиќ ги пушти обожавателите да ѕирнат во нејзиниот нов дом (ФОТО)

Модерен и минималистички

Емина Јаховиќ им покажа на своите следбеници на Инстаграм како изгледа нејзиниот нов дом. Имено, таа сподели фотографии од својата оаза на мирот, која ја украсуваше со месеци, избираше мебел и детали за да биде сè на своето место.

ФОТО: ИНСТАГРАМ ПРИНТСКРИН/ЕМИНА

Сивата, крем, белата и златната боја се боите што преовладуваат во ентериерот. Популарната пејачка го потенцира луксузот со минимални детали.

ФОТО: ИНСТАГРАМ ПРИНТСКРИН/ЕМИНА

ФОТО: ИНСТАГРАМ ПРИНТСКРИН/ЕМИНА

Инаку, Емина неодамна откри дека нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал речиси две години не плаќал алиментација за нивните синови Јаман и Јавуз.

Мустафа нема платено алиментација за нашите синови Јаман и Јавуз повеќе од две години. Сите одговорности околу децата преминаа на мене. Требаше да ми купи куќа во Белград, но не го стори тоа. Имавме и договор за покривање на детското здравствено осигурување. Денот кога се почувствував најлошо беше оној кога ги однесов децата на лекар и дознав дека не им е платено здравствено осигурување, изјави неодамна пејачката за „Стори“, а турските медиуми пренесуваат дека токму затоа одлучила да го тужи популарниот пејач.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.