Прва фотографија од новиот дом на Емина Јаховиќ: Од балконот ги гледа Мустафа и неговата нова жена (ФОТО)

Домот на популарната пејачка се наоѓа во непосредна близина на нејзиниот бивши сопруг.

Домот на Емина Јаховиќ неодамна е лоциран на нова адреса, откако таа одлучи да ги доближи синовите Јаман и Јавуз до нивниот татко Мустафа Сандал, кој долго време тврди дека е во толку лоши финансиски услови што не може да им ја плати алиментацијата.

Пејачката одлучи сама да се увери во тоа откако турскиот пејач опуштено се пофали со повеќекратните скапи прослави на годинешната венчавка со неговата нова сопруга Мелис Сутшуруп.


Сега покажува дека не се шегувала, навистина се пресели на истата улица каде што живее нејзиниот поранешен сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Домот на Емина Јаховиќ зрачи со луксуз, но таа засега одбира да не се фали премногу со ентериерот, па го избра погледот од нејзиниот нов балкон за споделување со своите следбеници на социјалните мрежи.

Имено, пејачката „уловила“ дупло виножито, што е ретка појава на небото.

Поради ова, домот на Емина Јаховиќ би можел веднаш да стане таличен, а таа конечно да се смири таму по турбулентен период, но тоа би значело дека практично долго време ќе биде прва сосетка со Сандал со кој досега не беше во добри односи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Фото: Инстаграм, Душан Петровиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.