Ѕирнете во новото љубовно гнездо на Џенифер Лопез и Бен Афлек! (ФОТО)

Вредно колку една населба!

Бен Афлек и Џенифер Лопез купијараскошно уредена вила во елитната населба Бел Ер во Калифорнија. Имотот чини нешто повеќе од 50 милиони долари, се протега на дури 1.800 квадратни метри, а има 10 спални соби и 17 бањи.

Сопствениците ќе може да уживаат во огромната кујна, домашна киносала, обезбеден ограден простор пред влезот, голем паркинг и уредена градина со базен и прекрасен поглед на теренот за голф и на Лос Анџелес.

Објектот се наоѓа речиси директно спроти главниот влез во т.н. „селски клуб“ на Бел Ер.

Куќата е изградена 1930-тите, дизајнирана е од познатиот архитект Пол Вилијамс, а претрпела и поголеми модификации оттогаш.

Претходните сопственици, Тод Лемкин и неговата сопруга Кејси, го купиле имотот за 27,6 милиони долари во 2016 година. (МИА)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.