15 минути пешачење дневно може драстично да ви го промени телото: Еве како!

Пробајте!

ФОТО: Profimedia

Сите знаеме дека вежбањето е здраво за телото, но пешачењето е неопходна потреба

Сите знаеме колку е важна редовната физичка активност за телото, но и за менталното здравје. И покрај тоа, многу луѓе упорно го одбегнуваат вежбањето.

Никој не може да побегне од староста, но секој може да го одложи стареењето. На 70 години може да изгледаме како да имаме 50 и ја доживееме 90-тата година.

Вежбањето може да ни го продолжи животот од 3 до 7 години. Вежбањето е најдобар антидепресив и значајно ги подобрува когнитивните функции. Физиката активност значајно ја забавува деменцијата.

Ако шетате само 15 минути дневно, еве што се’ може да се случи:

1. Ќе го намалите ризикот од дијабетес.

2. Ќе го намалите ризикот од Алцхајмерова болест.

3. Ќе го нормализирате крвниот притисок.

4. Ќе го нормализирате варењето.

5. Ќе ја намалите болката и ќе ја подобрите состојбата на коронарните артериски болести.

6. Ќе ги зајакнете коските.

7. Ќе ги подобрите когнитивните способности.

8. Ќе го продолжите животот.

9. Ќе го подобрите расположението и ќе станете оптимисти.

Доколку повторно почнете да наоѓате изговори зошто не можете да издвоите време за пешачење, ви даваме неколку совети…

1. Ако користите градски превоз, симнете се неколку станици порано и пешачете до работа.

2. Ако користите автомобил, паркирајте го подалеку од работното месо.

3. Вдомете куче, па шетајте го секој ден.

4. Излезете со децата во парк.

5. Истегнувајте се на работа и почесто станувајте да прошетате (по кафе, вода…)

Кога ќе влезете во шема и ќе почнете повеќе да се движите, во пролет и лето, собујте ги обувките и одете боси по трева.

Научно докажано е дека босоногото одење го лекува нарушувањето на спиењето, ја намалува хроничната болка на мускулите, ја зголемува енергијата и расположението, го намалува стресот, го зајакнува имунолошкиот систем, го нормализира срцевиот ритам, ја забавува остеопорозата, го нормализира нивото на глукоза кај луѓето со дијабетес.

Кој е за прошетка?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.