По ваш вкус: Тарт од јаболка

Совршен десерт

Елена Андоновска ви предлага да го пробате нејзиниот тарт од јаболка

За сите оние што не се љубители на преслатки десерти, ова е совршен рецепт – ни премногу благ ни премногу свеж. Освен како десерт, одличен е и како појадок со млеко за наутро. Елена Андоновска ви предлага да го приготвите нејзиниот тарт од јаболка. Побарајте уште вакви вкусни рецепти на инстаграм-профилот на Елена @pomojvkus.

Состојки:

За тестото

  • 250 г брашно
  • 150 г маргарин
  • 4 лажичиња шеќер
  • ½ лажиче сол
  • 50 мл ладна вода

За филот

  • 3 поголеми јаболка или 4 помали
  • 400 мл слатка павлака за готвење
  • 100 мл млеко
  • 1 јајце
  • 50 г шеќер во прав (доколку јаболката се многу благи, ставете помалку шеќер)
  • 1 ванилин шеќер
  • цимет
Приготвување:

1. Замесете тесто од брашното, маргаринот исечкан на коцки, солта, шеќерот и водата.

2. Растегнете го тестото со сукало во форма на круг

3. Префрлете ја кората во сад обложен со хартија за печење и со помош на виљушка направете дупчиња во кората

4. Во испечената кора, истурете го филот со слатка павлака и наредете ги парчињата јаболка

Уживајте во вкусниот десерт!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.