Селски печени тиквички со јајца: Брзо, лесно, вкусно и достапно за сите

Идеален оброк за денес

ФОТО: Shutterstock

Ручек што нема да ве остави рамнодушни

Состојки:
  • 2 поголеми тиквички
  • 3 домати
  • 2 пиперки
  • сол и бибер по вкус
  • малку мирудија
  • 70 грама кашкавал
  • 50 грама павлака за готвење
  • 2 јајца
Приготвување:

Добро измијте го зеленчукот и исечете го на парчиња. Наредете го во сад за печење подмачкан со масло во круг, така што ќе ставате ред тиквички, домати и пиперки.

Наредениот зеленчук наросете го со сол, бибер, мирудија и рендан кашкавал. Во посебен сад измешајте ги изматените јајца со млеко, додајте павлака, а потоа и сол и бибер по вкус.

Убаво измешајте, прелејте го јадењето со смесата и печете го во претходно загреана рерна на 200 степени.

Брзо, лесно и вкусно!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.