Ова е највкусната торта од ореви на светот: Совршен десерт за Велигден!

Ќе ви го одземе здивот!

Рецепт што се пренесува од колено на колено

Ова е рецептот за највкусната торта од ореви што ќе го пренесувате од колено на колено. Уште по првото залче ќе останете без здив! Заборавете на калориите, бидејќи тортата од ореви не е обична торта. Сетете се само дека оревот е богат извор на антиоксиданси, ја подобрува работата на мозокот, го намалува стресот, несоницата и ја негува кожата.

Состојки:
  • 8 јајца
  • 250 г шеќер
  • 2 големи лажици јаболков оцет
  • 80 г бело брашно
  • 200 г мелени ореви
  • 1 прашок за печиво
  • 1 мало лажиче цимет
  • 650 мл слатка павлака
  • 300 г темно чоколадо за готвење
  • 1 портокал
  • 150 г маскарпоне
Приготвување:

За да го направите бисквитот, изматете 8 белки, 150 г шеќер и 2 големи лажици јаболков оцет. Кога белките ќе станат цврсти, густи и сјајни, без грутки, додајте 80 г бело брашно, 200 г мелени ореви, 2 жолчки, 1 прашок за печиво и 1 лажиче цимет.

Печете ја смесата во калап за торта на 160 степени, околу 45 минути.

За чоколадниот прелив, загрејте 300 мл слатка павлака до вриење, само внимавајте да не зоврие, додајте 300 г темно чоколадо, па тргнете го преливот од шпорет. Кога ќе ги измешате слатката павлака и чоколадото, додајте 6 жолчки и оставете сето тоа да се олади малку на собна температура.

За испечената и оладената кора, пригответе крем од 350 мл слатка павлака, што ќе ја матите додека се згусне, па ќе додадете 100 г шеќер во прав, 150 г маскарпоне и кора и сок од еден портокал.

Ставете ја кората во калап и премачкајте ја прво со чоколаден прелив, па со крем, и сé така до врвот. Со остатокот од кремот украсете ја тортата и посипете ја со ореви, по желба.

Добар апетит!

Бисквит-торта со банани и ванила што не се пече: Кремлива и богата, а готова е за 20 минути!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.