Голема роденденска забава: Панки, Либеро Бенд и Боби Павловски на едно место!

Одлична забава!

Фото: Промо

Ноќниот живот во македонската метропола отсекогаш имал поинаква магија. Посебна привлечност и уникатност, особено кога се во прашање одредени познати градски локали и оние кои важат за најдобри  музички забавувачи.

„Либеро бенд“, Панки и Боби Павловски секој посебно на свој начин секако важат за своевидни „кралеви на ноќните свирки“.  Кога сите заедно ќе се најдат собрани на едно место, во една вечер, можета да замислите каква „лудница од забава“  ве очекува.

Токму  ресторан „Дион“ е локалот кој важи за едно од култните места и за мирна дневна или семејна шема, а е познато и  по најдобрите афтерворк забави, додека ноќните концертни журки долго се паметат и раскажуваат. „Дион“ овој петок, на 15 април 2022 го слави својот  13-ти роденден  кој ќе го одбележи најлудата афтерворк забава во градот.

Кога на нивното мото: „Славиме прекрасни 13 години со вас, исполнети со многу забава, љубов, вкусна храна и неизмерно дружење“  ќе им се придодадат споменатите „кралеви на забавата“, се очекува журката  да прерасне во вистинска роденденска магија.

„Либеро бенд“, Панки и Боби Павловски секој одделно и сите заедно со свој настап, овој петок (15.04.2022), на големата роденденска афтерворк забава во култниот „Дион“ со почеток од 17 часот, за да пеете колку ве држи гласот, да танцувате, да уживате и да се забавувате!

Екипата на персоналот  подготвена за акција, „кралевите на забавата“ ветуваат кулминација, недостасувате само уште Вие со Вашето присуство.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.