На роденден кај Лила: Кога таа слави јубилеј, тоа изгледа вака (ФОТО + ВИДЕО)

Популарната водителка откри дека е милионерка

Верувале или не, нашата популарна водителка и највлијателната инфлуенсерка на овие простори Лила Филиповска денес го прослави 50-от роденден во друштво на своите блиски пријатели и колеги.

Роденденската прослава се одржа во ресторанот „Дион“ на кејот на Вардар, а за музиката беше задолжен добриот пријател и познатиот клубски музичар во Скопје Драган Темелков Џони.

Во еден момент, дури и славеничката се фати за микрофонот и го отпеа хитот на Лепа Брена и Мирослав Илиќ „Један дан живота“.

Освен најбитниот маж во животот на атрактивната водителка, која изгледаше како да полни 30 години, нејзиниот 27-годишен наследник Филип Филиповски, на роденденот присуствуваа и водителката Јована Стојменовиќ, поранешната манекенка Маја Глигоровска, водителот на временска прогноза Спасе Јовановски, новинарката Ивона Талевска, блиската пријателка Сузана Митревска, долгогодишниот пријател, фризер и шминкер на Лила, Владимир Трајковски, Маја Насковска и многу други…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jovana Stojmenovic (@jovana_na_na_na)

Пред да ги дувне свеќичките на тортата, славеничката си замисли желба. И тоа не една…

А по гласнењето на свеќичките, забавата продолжи…

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.