Бисквит-торта со банани и ванила што не се пече: Кремлива и богата, а готова е за 20 минути!

Фантастична!

Совршен, лесен десерт за претстојните топли денови

Бисквит-тортата со банани и крем од ванила брзо се приготвува, не се пече и готова е за 20 минути!

Неодоливо кремлив колач за кој нема да ви треба некаква посебна кулинарска умешност за да го направите, а ќе ги воодушеви и најпребирливите.

Состојки:
  • 1 и 2/3 шолја мелени бисквити
  • 1/4 шолја шеќер
  • 1/2 шолја стопен путер
  • 2/3 шолја шеќер
  • 1/3 шолја брашно
  • прстофат сол
  • 2 шолји млеко
  • 3 изматени жолчки
  • 1 и пол лажиче екстракт од ванила
  • 500 г крем-сирење на собна температура
  • 4 исечкани банани

Дополнително:

  • шлаг и исечкани банани
Приготвување:

Во голема чинија ставете ги бисквитите и 1/4 шолја шеќер, па добро промешајте. Додајте путер и повторно промешајте добро, па ставете ја смесата во калап за торта или пита и притиснете ја.

За да го приготвите кремот од ванила, во тенџере изматете 2/3 шолја шеќер со брашно и сол, па полека долевајте млеко во кое претходно сте изматиле жолчка додека смесата стане мазна, па загревајте ја на тивок оган додека се згусне.

Потоа, тргнете го тенџерето од оган и додајте екстракт од ванила. Добро изматете го крем-сирењето така што ќе биде мазно и кремливо, па додајте го во кремот и добро промешајте.

Покријте дел од подлогата со исечкани банани, а дел со крем и повторувајте го тоа додека ја потрошите смесата. Завршниот слој нека биде крем. За самото приготвување ќе ви требаат околу 20 минути.

Колачот треба да се олади за да биде совршен за јадење. Можете да го оставите во фрижидер неколку часа или преку ноќ. Послужете го со исечкани банани и шлаг.

Лимон, сок од бозел и ванила – комбинација за совршена пролетна торта
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.