Впечатливо зелени велигденски јајца: Еве како да добиете интензивна боја без капка хемија!

Проверена техника

Оваа година одбирајте природни методи

Ако ги одбегнувате боите од кесичка и другите слични методи на бојосување јајца, имаме добри вести за вас. Можете да добиете интензивна зелена боја и тоа на потполно природен начин.

Сé што ви треба е малку спанаќ!

Можете да користите свеж или замрзнат, резултатите секако нема да изостанат.

Постапката е многу едноставна, само ставете го посакуваниот број јајца во тенџере со ладна вода, лажица сол и оцет и додајте спанаќ. Сварете ги јајцата на тивок оган заедно со спанаќот, па оставете ги потполно да се оладат. Кога ќе ги извадите, ќе добиете совршена зелена боја на велигденските јајца.

На овој начин можете да бојосувате цели јајца или претходно да ги украсите со тревки и да ги завиткате во хулахопки, како при бојосувањето со луковина.

Бојосување јајца со салвети: Само вака ќе добиете најубави мермерни шари! (ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.