Неодолив кремав колач со пишкоти: Нема печење ни мачење, само уживање во вкусот!

Наша препорака!

Се прави брзо и лесно, а вкусот е фантастичен

На сите ни треба десерт што се прави брзо и лесно, а истовремено воодушевува со вкусот. Овој кремав колач може да биде вистинскиот избор за вас, ако ве мрзи или немате доволно време долго да приготвувате некаква комплицирана торта или друг десерт.

Потребни состојки:
  • 200 грама пишкоти
  • 500 милилитри млеко
  • 500 милилитри слатка павлака
  • 5 лажици шеќер
  • 2 пудинга од чоколадо
  • 100 грама шлаг
  • млеко (за шлагот)
  • чоколадо по потреба
Приготвување:

Прво, потопете 200 грама пишкоти во млеко и ставете ги во плех, а потоа изматете половина литар млеко, половина литар слатка павлака, 5 лажици шеќер и 2 пудинга.

Потоа, прелијте ја смесата врз пишкотите и оставете ја во фрижидер добро да се излади.

На самиот крај, изматете 100 грама шлаг со ладно млеко. Премачкајте го шлагот врз колачите и изрендајте чоколадо врз сето тоа.

Признајте дека нема поедноставен рецепт од овој!

Добар апетит, уживајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.