Брз ручек во кој ќе се вљубите на прво залче: Тортилја полнета со сирење, зеленчук и пилешко!

Ќе се воодушевите!

Шарени залчиња што сигурно ќе ги обожавате

Тортилјата е познат специјалитет од мексиканската кујна и многу е едноставна за приготвување.

Потребни состојки:
  • 6 тортилји
  • 300 грама сирење
  • 1 парче пилешки гради
  • 1 црвена пиперка
  • 1 жолта пиперка
  • 1 кромид
  • 340 грама конзервирана слатка пченка
  • 1 лажичка сушена мајчина душица
  • сол
  • бибер
  • маслиново масло

Приготвување:
  • Исечкајте ги пилешките гради на тенки парчиња и прелијте ги со неколку лажици маслиново масло, додајте мајчина душица и добро измешајте.
  • Оставете го месото да отстои додека ги приготвувате останатите состојки.
  • Исчистете го кромидот, па исечкајте го на листови. Исчистете ги пиперките, па и нив исечкајте ги на тенки ленти. Изрендајте го сирењето и исцедете ја пченката.
  • Загрејте тавче, па во него кратко испржете го пилешкото (ќе ви требаат околу 5 минути ако го исечкате месото тенко).
  • Посолете и зачинете со бибер.
  • Извадете го месото, па во истото тавче, пропржете ги кромидот и пиперката околу 7-8 минути и исто така посолете ги малку.
  • По потреба, додајте малку маслиново масло.
  • Потоа, вратете го пилешкото, додајте пченка, сето тоа добро измешајте го и по една минута исклучете ја ринглата.
  • Поклопете го тавчето за да не се лади филот.
  • Загрејте друго пошироко тавче, премачкајте го малку со маслиново масло, па почнете да ја загревате тортилјата.
  • Штом се загрее, на неа распоредете го ренданото сирење, а врз сирењето ставете неколку лажички од филот со пилешко и зеленчук, па преклопете еден дел од тортилјата врз другиот (во форма на полумесечина).
  • Добро загрејте ја од двете страни, па извадете ја од тавчето, исечкате ја и послужете ја со сос од јогурт или авокадо.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.