Мока-топчиња

За 6 лица

Приготвување: 30 мин., мирување: 30 мин.

Топчињата декорирајте ги додека не се зацврстени, за да се поврзат состојките.

Состојки:

300 г мелени бисквити • 100 г шеќер во прав • 2 лажици шлаг во прав • 1 лажиче кафе • 100 г маргарин • 120 мл млеко За глазурата: • 200 г бело чоколадо • 4 лажици масло За декорација: • кафе во зрна • 1 лажиче мелено кафе • 1 лажиче мелени бисквити

Приготвување:

 

Во сад се соединуваат мелените бисквити, шеќерот во прав, меленото кафе и шлагот во прав. Се додаваат стопениот маргарин и млекото.

Од приготвената смеса се обликуваат топчиња, па се распоредуваат на послужавник и се оставаат во фрижидер околу 30 минути да се зацврстат.

За приготвување на глазурата, во тенџере се поврзуваат белото чоколадо и маслото, па се топат на пареа. Послужавник се обложува со хартија за печење. Оладените топчиња се макаат во приготвеното чоколадо, па се редат на хартијата за печење.

За приготвување на декорацијата, топчињата се посипуваат со мелени бисквити и со кафе, или во нив се втиснува зрно кафе по желба.

Текст и фото: „Добра храна“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.