Најдобриот рецепт за торта „реформа“: Не постои ништо подобро од овој вкусен чоколаден десерт!

Пробајте

Ви го предлагаме најдобриот рецепт за „реформа“ торта, чоколаден десерт без конкуренција

Состојки:

За корите (се приготвуваат 4):

  • 4 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 1 лажица брашно
  • 100 г мелени ореви

За филот:

  • 16 жолчки
  • 200 г шеќер
  • 250 г маргарин
  • 200 г шеќер во прав
  • 200 г чоколадо за готвење
Приготвување:

Изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, потоа додајте брашно и мелени ореви, па внимателно измешајте. Сипете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и печете 12 минути на 180 степени. На истиот начин пригответе ги и преостанатите три кори.

За филот, изматете ги жолчките со шеќерот, па згответе ги на пареа. Тргнете ги од оган, па додајте чоколадо и мешајте за да се стопи чоколадото и да се соедини филот. Оставете да се олади. Изматете го маргаринот пенесто со шеќерот во прав, па соединете го со оладениот фил. Филувајте ги корите со филот, премачкајте ја и последната кора.

Украсете по желба!

Декоративна и вкусна бисквит-торта: Идеален десерт за претстојните празници
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.