Мајката на Таировиќ непрепознатлива по низата операции: Сега изгледа помладо од родената ќерката (фото)

Повеќе личат на сестри отколку на мајка и ќерка!

Годините можат да се сокријат или сепак не?

Синоќа, како и секогаш, Теа Таировиќ блесна на премиерата на филмот „Недења“, а друштво и направеше нејзината мајка, водителката Божица Малевиќ.

Мајката на Теа Таировиќ отсекогаш важела за многу убава и згодна жена, но синоќа ги изненади сите со својот изглед.

Судејќи по коментарите на оние кои синоќа имаа можност да ја видат Божица, водителката целосно се трансформирала, а да не беше во друштво на Теа, многумина немаше да ја препознаат.

Имено, мајката на Теа Таировиќ видно се подмладила, па се слушнаа коментари дека изгледа како сестра на пејачката. Очигледно е дека водителката посетила пластичен хирург, но и дека го добила она што го очекувала од него, подмладено лице.

„Мамо, не бев секогаш идеална, не бев идеална ќерка… Многупати бев на врвот, многупати успеав, но бев и на пиедесталот на срамот. Низ што и да сум минала ти ми си ми поддршка. Не е важно дали физички си била присутна до мене или не. За нашите мајки, за нашите херои… Сакајте ги вашите мајки“, рече пејачката за време на еден од своите концерти, заблагодарувајќи се јавно на мајка си.

Фото: Youtube printscreen

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.